Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот денеска на прес-конференција ќе ги промовира придобивките за компаниите од учеството на најголемиот саем во светот за безбедност и здравје при работа во Дизелдорф, Германија.

На настанот ќе говорат директорот на Агенцијата Дејан Павлески и Наташа Сивевска од Текстилно трговското здружение – Текстилен кластер.

По предлог на бизнис заедницата, првпат оваа година Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот е организатор за учество на македонски компании на престижниот А+А саем во Дизелдорф.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/10/2021 10:30