Шана, Пако и Клео очекуваат да бидат вдомени и да израдуваат нечие семејство во овие студени есенски утра. Шана, Пако и Клео пленат со својот единствен карактер, исклучително мили, темпераментни, лојални, даваат безусловна љубов, пријателство и незаборавна забава.

ШАНА има околу 3 години и е среден раст, таа е мирна, послушна и исклучително мила. Одличен миленик за дом со деца, додека пак Пако има 3 години и е среден раст, прекрасен миленик, мирен, мил и дружељубив. КЛЕО има 1 година и e со голем раст. Микс е од лабрадор и неговата природа е темпераментна.

Доколку сакате да имате вистински другар кој ќе ве придружува на сите ваши авантури во пророда, тогаш овие кучиња се вистинските за вас.

Сите имаат уредна крвна слика, негативен 4D тест, негативен тест на лишманија по акредитирана метода.

Секое куче кое ќе го вдомите од кај нас го добивате со пасош, прочистено од внатрешни и надворешни паразити, стерилизирано/кастрирано, чипирано, вакцинирано од заразни болести, избањата со стекнати хигиенски навики.

Сите единки во прифатилиштето на ЈП Лајка кои се спреми за вдомување се комплетно здрави единки и го имаат поминато целиот хуман третман.

Да ја поддржиме заедно кампањата „Вдоми куче, вдоми љубов“, да покажеме хуманост и да им подариме топол дом на кучињата каков што вистински заслужуваат.

Секое вдомено куче, значи едно бездомно куче помалку на улица, особено во овој зимски период исклучително ниски температури.

За вдомување на куче од прифатилиштето на Лајка и пополнување на прашалник аплицирајте на vdomi@lajka.com.mk.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/10/2021 12:21