Само пад на власта е гаранција за заштита на граѓаните од партиските параполициски структури на СДСМ.

СДСМ не може поинаку освен да шири лаги и конструкции додека во јавноста излегуваат докази за насилство и терор против политички неистомисленици, а за таа цел злоупотребувајќи ја полициската униформа за своите криминални структури.

На граѓаните им е доста од теророт и мафијашките делувања на СДСМ. Граѓаните упатија јасна порака до параполициски и криминални структури на СДСМ. Никој повеќе не им се плаши.

Лагите и конструкциите повеќе не минуваат. МВР чиј што дел беше и Славјанка Петровска мора да ги истражи сите околности за параполициската партиска структура, наместо да шири конструкции и лаги.

За почеток Славјанка Петровска нека даде одговор за нападот врз новинарска екипа во Прилеп. Петровска нека одговори за полициските функционери кои што следеле опозициски, тогаш кандидат за градоначалник. Петровска нека одговори за пораките на партиски поставени високи полициски функционери коишто гласат „Убиј го“.

Измислените конструкции на СДСМ и Петровска не може да ги покријат подмитувањата притисоците, насилствата.

Народот точно знае кој е насилник и што се неговите права без разлика од притисоците, следењата, заканите за тепање, технички прегледи, укинување на социјална помош или бркање од работа од јавните комунални претпријатија.

Народот точно знае и ја препознва вистината пред конструкциите за покривање на скандал. Партиските параполициски структури нема да поминат без одговорност и нема да бидат покриени со некој нов „продолжен кабел“.

СДСМ како партија повеќе не може ништо да ветува, се додека не може и себе да се заштити додека со неа управува мафијата во полициска униформа меѓународно позната трговија со дрога и давање идентитетска заштита на белосветски мафијаши.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/10/2021 16:28