Универзитетскиот професор и експерт по енергетика,Константин Димитров, предупредува дека парите што Владата ќе ги потроши за да купи струја ќе ги плати народот.
- Милионите евра со кои Владата ја задолжува Македонија за купување на струја ќе ги плати народот, од и онака истенчениот џеб, по 100-ти пат алармираме дека состојбата е критична. И не е точно дека овој проблем е глобален, зашто соседите како Србија, па и Босна и Херцеговина, но и Германија имаат вишоци на струја кои ја продаваат, за разлика од нас, кои во недостиг на струја земаме од европската мрежа и тоа без најава, а треба да ја платиме, објаснува Димитров за Алфа.