Во спортската сала на ООУ „Лазо Трповски” во општина Карпош денеска ќе ја спроведе традиционалната крводарителна акција која се организира во пресрет на Денот на Општината – 3 Ноември.

– Граѓаните од Карпош, но и од други општини од градот, кои се традиционални дарители или сакаат да даваат крв, тоа ќе може да го сторат денеска од 9 до 17 часот, во спортската сала на ООУ „Лазо Трповски“, велат од Општина Карпош.

Акцијата на доброволно дарување крв се организира во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и Црвениот крст при општина Карпош.

Организаторот на оваа хуманитарна акција ги потсетува потенцијалните дарители дека е задолжително да се почитуваат заштитните мерки пропишани за Ковид-19, што значи почитување на протоколите пропишани од Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/10/2021 10:32