Заинтересирани граѓани и дел од општинската администрација на Карпош денеска донираат единици крв, во пресрет на Денот на општина Карпош (3. ноември).

Станува збор за традиционална крводарителска акција која локалната самоуправа ја организира во соработка со Општинската организација на Црвениот крст – Карпош и Институтот за трансфузиона медицина.

Донираните единици крв ќе помогнат на граѓаните кои се борат со различни болести. Истите се особено потребни во ек на оваа пандемија, каде што крводарителските акции беа ограничени, а денеска истите се спроведуваат под посебни протоколи.

Во спортската сала на ООУ „Лазо Трповски“, крв донираа над 60 граѓани. Општина Карпош на сите крводарители, како и на присутните медицински лица им се заблагодарува за покажаната хуманост и солидарност.

Преку овие вредности ја градиме и нашата општина Карпош, која оваа година одбележува 45. години од своето формирање.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/10/2021 15:35