Од Итната медицинска помош вчера утрото, во 07.20 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, било пријавено дека во дом во Скопје на ул.„Гвадалахара“ имало починато бебе.

Како што соопшти МВР, полициски службеници од Полициското одделение излегле на местото, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство.

По наредба на Јавен обвинител телото било дадено за обдукција.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/10/2021 02:14