Кумановец пријавил во полицијата дека угостителски објект бил ограбен, одземени биле пари и компјутер, соопшти денеска СВР Куманово.
– Вчера во 08:38 часот во СВР Куманово, М.С.(41) пријавил дека во угостителски објект на улица „Борис Кидрич“ било влезено со употреба на сила и биле одземени пари и компјутер-соопшти СВР Куманово.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.