Против 21-годишен скопјанец ќе се спроведе истражна постапка поради основано сомнение дека сторил две кривични дела разбојништва.

Тој на 17 септември, заканувајќи се со пиштол, одзел 101.000 денари од обложувалница на улицата „Финска“ во Скопје, а на 27 октомври влегол во продавницата „М-Кеш“ на улицата „Методија Андонов Ченто“ и одзел метална каса во која имало 58.350 денари.

Надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување притвор за осомничениот поради опасност да избега, да влијае врз сведоци или да го повтори делото.​



Автор: Администратор
Објавено на: 01/11/2021 13:20