Пронајдени се 13 лица мигранти од Сирија на автопатот Гевгелија–Скопје, кај клучка „Миравци“, во возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што информираат од МВР, ноќеска по полноќ, полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор Богородица ги лишиле од слобода Д.Ј.(24) и Ѓ.Б.(21), двајцата од Богданци, бидејќи во возилото кое го управувал Д.Ј., а совозач бил Ѓ.Б., биле пронајдени 13 лица мигранти од Сирија.
Дополнуваат дека тие биле приведени во полициска станица, а мигрантите биле предадени во Прифатно-транзитниот центар Винојуг во Гевгелија. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.