Вчера во 12:00 часот во СВР Скопје, 77 – годишен жител на скопско село пријавил дека околу 10:30 часот на подрачјето на Ѓорче Петров бил измамен од две лица.

Според пријавеното, лицата му побарале и добиле пари на заем за да се услужат во врска со наводно случена сообраќајна несреќа, а како залог му оставиле рачен часовник.

Откако подолг временски период лицата не дошле да го вратат заемот, тој сфатил дака бил измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот



Автор: Администратор
Објавено на: 04/11/2021 05:36