Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (03.11.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 107 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 30, 16 санкции за возење без возачка дозвола, 11 за непрописно престигнување и обиколување, три санкции за возење под дејство на алкохол, 27 мерки за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат



Автор: Администратор
Објавено на: 04/11/2021 12:10