Истражувачите од Универзитетот „Еотвос Лоранд“ во Будимпешта, Унгарија, ја тестираа теоријата дека она „симпатично“ наведнување на главата кај кучето може да биде поврзано со нивната способност да ги препознаваат имињата на предметите што ги споменувате, особено нивните омилени играчки.

Според трудот објавен во научното списание „Енимал когнишн“ (Animal Cognition), новото истражување посочува дека „само мал број кучиња можат да ги научат имињата на предметите (играчките) дури по неколку покажувања, додека повеќето кучиња (типично) не го прават тоа“. Тие претпоставуваат дека „наведнувањето на главата е поврзано со обработка на значајни и релевантни гласовни знаци“ и дека кучињата кои можат да поврзат збор со предмет, како што е нивната омилена играчка, ја навалуваат главата почесто од кучињата кои не се способни да го поврзат зборот.

Во истражувањето учествувале 40 кучиња (од расата шкотски овчар), а во текот на три месеци „субјектите“ ги научиле имињата на две играчки.

Научниците ги означиле кучињата кои можат брзо да ги научат имињата на предметите по неколку покажувања како „надарени со зборовите што ги учат“, спроти „типичните“ кучиња. Тоа покажа дека хипотезата на истражувачите е точна. Откако се обиделе да ги научат кучињата да репознаат две играчки, истражувачите заклучиле дека надарените кучиња ги навалуваат главите во 43 отсто случаи, за разлика од типичните кучиња, кои ги навалувале главите два отсто од времето во текот на испитувањата.

Според извештајот, „разликата во однесувањето на кучињата може да е поврзана со слушање значајни зборови и може да биде признак за зголемено внимание“. Може да укажува и на подобри способности за помнење.

Иако истражувањето изгледа ветувачко, научниците се согласуваат околу потребата од проширување на истражувањата и со други раси.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/11/2021 13:00