Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) е еден од главните двигатели на стартап екосистемот во Македонија, а како примарен ресурс за финансирање за повеќето стартапи и акцелератори во земјата, оваа институција презема водечка улога во поттикнувањето на развојот на стартапите во земјата, заедно со Стартап Македонија.
Ова се посочува во анализата на македонскиот стартап екосистем, на Швајцарската програма за претприемништво (Свис ер). Во нивниот текст, Фондот е окарактеризиран како „се освен обична владина агенција. Тие се агилни, пријателски и составен дел од македонската стартап заедница.“
-Swis Ep ги препознава и овогодинашните нови иницијативи на ФИТР, односно формирањето на Национален стартап совет кој подготви пакет мерки за трансформација на екосистемот, воведувањето на првата Програма за корпоративна иновативност за поголема соработка меѓу големите компании и стартапите, договори со шест банки за подобри услови за кредитирање за македонските стартапи, креирање на Национална стратегија за вештачка интелигенција, како и првиот хибриден Инвестициски фонд од 27 милиони евра кој ќе инвестира во македонските стартапи од 100.000 до 1,5 милиони евра, велат од ФИТР.
Додаваат дека целата сторија е на линкот https://swissep.org/our-impact/success-stories/fitd-redefines-governmental-startup-support .