На 78 годишна возраст почина Кирил Самарџиоски, долгогодишниот поранешен претседател на Управниот одбор на „Прилепска пиварница“.
Кирил Самарџиоски беше роден на 30 јануари 1943 година во Прилеп, дипломирал во 1966 година на Технолошкиот факултет во Скопје. По 40 годишен успешен работен век во пиварската индустрија, Кирил Самарџиоски се пензионира во 2007 година.
Прилепската пиварница со софистицирана, најмодерна опрема за производство на пиво и безалкохолни пијалаци, во 2020 година со договор за дар, Кирил Самарџиоски, како мнозински сопственик и претседател на одборот на директори на „Прилепска пиварница“ ги подари акциите на синот и ќерката Сашко Самарџиоски и Панде Самарџиоска.
Кирил Самарџиоски добитник е на бројни награди и признанија. Во 2014 година стана добитник на Третоноемвриската награда за животно дело.
Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, упати телеграма со сочувство до семејството Самарџиоски по повод смртта на Кирил Самарџиоски, еден од најдолгогодишните соработници и активни членови во највисоките органи и тела на Стопанската комора.
Претседателот Азески вели дека Стопанската комора е горда што во својата постава имала човек кој со својата работа и искуство, низ годините значително придонел за раст и развој на економијата и бизнис секторот во државата.
Во 2016 година, во просториите на Стопанската комора беше одржана и промоција на монографијата „Сеќавања” за Прилепска пиварница. Поттикнат од самите почетоци на работењето на компанијата, Самарџиоски со многу факти, податоци, информации корисни за самата фабрика, но и за економијата на нашата земја, даде осврт преку текст и слики преточени во книга, пишувана неколку години, од срце инспирирана од првиот ден на почетокот на неговата работа, преку предизвиците со кои компанијата се соочила низ времето и достигнувањата и позицијата на компанијата во која се наоѓа сега.