На 78 – годишна возраст вчера почина примариус Д-р Драган Филиповиќ, почесен претседател на Здружението на Србите и Македонците КУД „Бранко Чајка“ -Тетово.

Тој е роден 1943 во Белград, но од својата четврта година живее во Тетово, каде завршил основно образование и гимназија. Дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје каде завршил специјализација општа хирургија и супспецијализација абдоминална хирургија. Во училишните денови е активен спортист и игра кошарка.

-Пет години работел како општ лекар во околината на Тетово, во село Шемшово. Потоа целиот работен век го поминал како специјалист на хируршкото одделение на Медицинскиот центар во Тетово.Бил претседател на Општинскиот одбор на Црвениот крст на град Тетово и член на Републичкиот одбор на Црвениот крст на Република Македонија. Бил заменик – претседател на Лекарската комора. Во областа на медицината е добитник на многу награди и признанија како на општинско така и на национално ниво. Највисока награда на национално ниво во областа на медицината е наградата „Св. Наум Охридски“ за доктор на годината за 2001 година, доделена од Лекарската комора, информираат од Здружението на Србите и Македонците КУД „Бранко Чајка“ -Тетово

На општинско ниво Д-р Филиповиќ е добитник на наградите „19. Ноември“и „3. Март“ како заслужен граѓанин на градот Тетово. Од 2002 година е претседател на Здружението на Срби и Македонци КУД „Бранко Чајка” и ја извршува должноста во два мандати се до 2010 година, по што е именуван за почесен претседател.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/11/2021 04:34