Вчера во 13.00 часот во СВР Скопје, С.Ј.(50) од Скопје пријавила дека на 05.11.2021 во 14.00 часот во простории на АД за Стопанисување и изградба на станбен и деловен простор – Скопје на подрачје на Центар, додека била на своето работно место, била физички нападната од нејзината колешка А.О.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираше МВР во дневниот полициски билтен.

Според неофицијални и непотврдени информации кои се поклопуваат со објавените иницијали од страна на Министерството за внатрешни работи, дел од инцидентот била и Агнеса Органџиева поранешна сопруга на директорот на АЕК која во јавноста се „прослави“ преку нејзиниот развод.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/11/2021 05:17