Пред само два дена од страна на полициски службеници на СВР Скопје бил лишен од слобода Љ.Т.(52) од Скопје, бидејќи во 07.52 часот во непосредна близина на општина Бутел, со остар предмет го повредил неговиот брат А.Т.(53) од Скопје, вработен во општината.

Како што информираа од СВР Скопје, полицијата го привела 52- годишниот Љ.Т. во полициската станица во Чаир и се работело на расчистување на случајот, но утрово, до редакцијата на Макпрес, пристигнаа загрижувачки повици од граѓани на Општина Бутел кои тврдат дека лицето е на слобода и слободно се движи низ општината.

„Случајот беше пред 2 дена, сите соседи сме загрижени затоа што овој човек е на слобода и слободно си се шета низ општината.“ - кратко рече нашата читателка во телефонски разговор.

Дали институциите потфрлаат во вакви случаи и дозволуваат да се шири паника помеѓу соседите?

Редакцијата на Макпрес бара СВР Скопје да одговори:

Дали лицето е ослободено од притвор и доколку е така зошто само помалку од 48 часа по нападот е пуштено на слобода лице кое се обиде да го лиши од живот својот брат?



Автор: Администратор
Објавено на: 11/11/2021 09:52