Анализите од областа на пазарот на труд покажуваат дека 53 проценти од новите работни места бараат стручно образование во определена област. Затоа, една од клучните заложби на Комората е инвестирањето во образование на кадри за потребите на бизнисот.

– Истражувачките и развојните центри треба да бидат клучната основа од каде што треба да се појде при градењето на стратегиите и дефинирањето на чекорите за натамошно придвижување напред, на економски план. Научно-истражувачки анализи, а не паушални констатации е нашето мото, вели претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески.

Во таа насока денеска Азески заедно со потпретседателката Елена Милевска-Штрбевска и в.д. оперативниот директор за развој, иновации и знаења во Комората Михајло Донев ќе присуствуваат на отворањето на „Винчини центарот за развој и Прогресив Академија“ во Виница.

– Овој концепт на работа, преку научно – истражувачки анализи да се развиваат иновативни производи, треба да бидат пример за компаниите дека само така се доаѓа до поуспешни, конкурентни фирми препознатливи и кај нас и ширум светот, а академиите кои се насочени кон професионална надградба на нивните стручни кадри, но и на извршните менаџери секако дека ќе придонесат за развојот на бизнис-секторот во овој регион, а со тоа и во државата, посочуваат од Комората.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/11/2021 14:15