Вкупната вредност на договорени градежни работи во странство во периодот јануари-септември изнесува 153.802 илјади денари, што е за 16,3 проценти помалку во споредба со истиот период лани кога вредноста на договорените работи била проценета на 183.682 денари, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во овој период, градежната оператива извршила градежни работи во вкупна вредност од 107.057 илјади денари, што е за 11,2 проценти повеќе во споредба со истиот период минатата година.