Денеска (15.11.2021) во периодот од 07.00 до 10.00 часот полициски службеници на СВР Тетово на поширокото тетовско-гостиварско подрачје спровеле засилена контрола на брзината со која се движат возилата во и надвор од населено место.

Во контролата биле откриени и законски санкционирани 32 пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место.

Од нив, 4 биле за над 70 километри на час повеќе од дозволеното (ТЕ-3 и ГВ-1), а 18 од 50 до 70 километри над дозволената брзина (ТЕ-11 и ГВ-7). Исто така, санкционирани се и 32 пречекорувања во населено место (ТЕ-20 и ГВ-12). На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/11/2021 17:30