Архитектурата може „да флертува“ со природата на експресивен, но суптилен начин. Идејата понекогаш, е во архитектурата да се усогласат, наместо да доминираат пејзажите. Сепак, ова може да биде предизвик кога ќе се соочите со стрмни падини, карпи и планински падини…
„Куќата на работ“ (Cliff House) во Канада
„Куќата на работ“, на атлантскиот брег на Нова Шкотска, е инвентивна и разиграна интервенција во пејзажот. Од ридот куќата изгледа сосема нормално, но од брегот може да се види дека всушност се наоѓа на карпа, за која архитектите велат дека е наменета „да го подобри сечие пејзажно искуство преку чувството на вртоглавица и чувство на лебдење над морето. Надградбата од галванизиран челик обезбедува цврста потпора и е прицврстена на карпата, додека дрвените елементи внесуваат удобност и внатре и надвор. Дневниот престој го исполнува целиот простор. Само мал дел е отстапен за спалните соби.
Хирафу во Јапонија
Кај оваа викендица на вториот најголем остров во Јапонија – Хокаидо, двете коцки стојат една врз друга, давајќи впечаток дека целата структура може да се лизне по падината. Влезот во куќата и приватните простории се во долната коцка, додека внатре скали водат до дневната соба и кујната на горните нивоа.
Цврстата конструкција е изработена од армиран бетон, кој е во внатрешноста на куќата за да создаде визуелно опасна положба, со големите прозорци.
„Куќа во карпа“, во Шпанија
Геометриската, линеарна доследност е одлика на овој проект, во областа Аликанте во Шпанија. Куќата се наоѓа на многу стрмна падина, па сместена во карпите, куќата како „да виси“ над контурата на ридот. Изработена е од бетон, однадвор изолиран, но и покриен со бела вар, којшто архитектите го избрале поради неговата флексибилност и мазност. Целосно застаклениот преден дел овозможува фантастичен поглед на морето.
Куќа на дрво наречена „Ќијуншан“ (Qiyunshan) во Кина
Оваа куќа всушност не е изградена на дрво, туку претставува градба висока 11 метри, во шума во источната кинеска провинција Анхуи. Тесниот, закривен влезен ходник се вклопува на кривините на блискиот пат.
Централно спирално скалило води до минималистички соби со прозорци од ѕид до ѕид, кои служат за – впечатлив поглед нанадвор. Дневната соба и спалните соби се намерно направени мали, бидејќи архитектите сакале „место за набљудување“ на природата, а не пространа семејна куќа. Градбата е од природни материјали како што е црвеното кедрово дрво, што е и естетски и практично.
Куќата „Slice and Fold House“ во САД
„Исечената и преклопена куќа“, во Лос Анџелес, Калифорнија, САД, потсетува на внимателно свиткано парче оригами. Градбата има природна светлина за секоја просторија и неверојатна панорама на планината Сан Габриел. Големи делови од куќата се наоѓаат длабоко во земјата, за да може оваа огромна структура да се прицврсти на стрмната падина.
Куќата „Casa Del Acantilado“ во Шпанија
„Куќата а стрмнина“ на брегот на шпанска Гранада, му оддава почит на архитектот Антонио Гауди. Предизвикувачкиот агол на наклон (приближно 42 степени), се чини инспириративно, но не и ограничувачки, ја отсликува креативноста на архитектите од фирмата „Гилбартоломеј“.
Куќата е закопана во ридот, па кога се гледа од горе, заоблениот брановиден облик личат на змејска кожа или морски бранови. Зданието има два ката – едниот е за дневен престој, а на другиот се спалните.