Педесет и девет годишен маж им подлегнал на повредите од остар предмет здобиени при физичка пресметка со повеќе лица што се случила синоќа во Кавадарци. За убиоството е приведен и осомничен Х.С. (45) од Кавадарци, потврдија за МИА од МВР

-На 16.11.2021 околу 04.30 часот во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода Х.С.(45) од Кавадарци. Тој се сомничи дека околу 23.30 часот, при физичка пресметка помеѓу повеќе лица на ул.„Методија Џунов“ во „Брушанско Маало“ во Кавадарци, при што биле употребени остри и тврди предмети, со остар предмет му нанел убодна рана на З.П.(59) од Кавадарци, кој подоцна починал во болницата во Кавадарци, наведуваат од МВР.

Во врска со настанот во Полициската станица Кавадарци досега бил извршен разговор со С.А.(37), А.А.(63), А.М.(42) и Џ.Х.(19), сите од Кавадарци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/11/2021 17:59