Тетовската полицијата казнуваше пешаци за непрописно преминување улица и други прекршоци предвидени со законот за безбедност во сообраќајот на патиштата. Од 8 до 13 часот откриени и санкционирани се вкупно 29 прекршоци, како што се небезбедно преминување улици, непочитување на светлосна сигнализација, некористење тротоари за движење.

– На подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола на пешаци и на нивното однесување како учесници во сообраќајот. При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 29 прекршоци односно исто толку пешаци кои не ги почитувале одредбите на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, информира портпаролот Марјан Јосифоски.

При контролата, исто така, санкционирани се и 10 други видови прекршоци. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/11/2021 18:42