Малиот остров Баљенац во Јадранското Море, долг само половина километар, со години привлекува посетители од целиот свет, поради внимателно уредениот сув камен во ѕидови, коишто од високо изгледаат како џиновски отпечаток од прст.

Баљенац се наоѓа меѓу хрватските острови Зларин и Каприје и е на листата на заштитени места на УНЕСКО. На него се изградени дури 23 километри камени ѕидови. Жителите на островот Каприје го користеле ова островче како еден вид земјоделско подрачје, ја расчистувале сировата вегетација и самите ги изградиле ѕидовите заради лозја и насади од смокви и други плодови.

На овој остров нема жители, но можно е да се посети во секое време од годината. Во Шибеник, најблискиот крајбрежен град, достапен е превоз до Каприје и Баљенац. Инаку, во близина се наоѓаат и Јабука, Покоњи Дол и многу други острови.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/11/2021 16:50