Владата на Република Македонија преку Генералниот секретаријат ја почна исплатата на финансиската поддршка за 19.060 тутунари со вкупна вредност од 300 милиони денари во рамки на пакет поддршката за намалување на последиците предизвикани од КОВИД-19.

На сметките на производителите на тутун од утре ќе почнат да стигнуваат парите за откупените количини.

-Се работи за поддршка од три денари по килограм за произведен и продаден необработен тутун од втора класа и 16 денари по килограм за произведен и продаден необработен тутун од трета и четврта класа. На оваа финансиска поддршка и претходеше исплата на субвенции за произведен и предаден тутун во висина од 1,7 милијарди денари со што владината поддршка за тутунопроизводството во година на светска здравствена и економска криза изнесува два милијарди денари, наведува Владата.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/11/2021 13:04