Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје денеска во 13.10 часот на ул.„Симеон Кавракиров“ во Скопје, го лишиле од слобода Е.Р.(30) од Шуто Оризари, скопско.

Од МВР информираа дека за него била распишана Централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години и шест месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде предадено на казнено-поправна установа за издржување на казната.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/11/2021 15:31