ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против М.М.(31) од Прилеп, осомничен за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“.
На 06.08.2020 на социјалната мрежа „Фејсбук“, соопштија денеска од МВР, М.М објавил оглас за продажба на амфора со висина од 1 метар и ширина 80 сантиметри за сума од 20.000 денари. На 02.11.2020, при извршен претрес, полициски службеници ја пронашле и одзеле. Пријавениот, амфората ја ископал од археолошко наоѓалиште и ја присвоил со намера да ја продаде и да се стекне со противправна имотна корист, знаејќи дека се работи за културно-историско наследство.