Судското рочиште меѓу грчката компанија „Интракат“ и градежната компанија „Бетон“-Штип за неисплатени побарувања во износ од два милиони евра за изградба на новата Клиничка болница е закажано на 3 декември во Основниот суд-Штип. Предметот е вратен назад во првостепениот суд, откако Врховниот суд ја укина пресудата.

Основниот и Апелациски суд во Штип пресудија во корист на штипски Бетон, кој побаруваше околу два милиони евра за изградбата на новата болница од компанијата Интракат, која е главен изведувач на проектот.

Министерството за здравство вчера информираше дека Банката на Советот на Европа, која е финансиер на проектот се повлекува, поради слабата динамика на изградба, а министерствата за здравство и финансии веќе работат на наоѓање на други финансиски извори за доизградба на објектот.

Договорот меѓу иведувачот и поранешниот подизведувач беше раскинат во 2018 година, по што следеше и судска постапка.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/11/2021 15:57