На 18.11.2021 во 19.00 часот, полициски службеници од СВР Охрид - ОВР Струга го лишија од слобода Ф.К.(33) од струшкото село Делогожда. Лицето се барало по распишана потерница од СВР Скопје за доиздржување на затворска казна.

Ф.К. бил приведен во полициска станица, а потоа и спроведен во Казнено-поправната установа „Идризово“ Скопје за доиздржување на казната.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/11/2021 15:59