Во СВР Скопје вчера во 15:10 часот било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ на Одделот за токсикологија бил донесен починат Ј.Х.(49) од Кичево, затвореник од КПУ Идризово.

Според пријавеното од вработените во КПУ Идризово, на Ј.Х. му се слошило и на пат кон здравствената установа починал.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/11/2021 02:40