Панел дискусија на која ќе бидат објавени добитниците на финансиска поддршка на предизвикот за воспоставување лаборатории за производство FAB LABS „Младите создаваат” организира денеска Фондот за иновации и технолошки развој.

На панел дискусијата, како што е најавено, ќе се обратат Катерина Кречева, раководител на Секторот за програми во областа на образование, истражување, развој и иновации при ФИТР, потоа Огнен Тутески од Центаот за истражување, развој и континуирано образование ЦИРКО ДООЕЛ Скопје, Живко Коколански од Факултетот за електротехника и информациски технологии при УКИМ, Игор Јорданов од Здружението „Ино тех клуб Штип” и Јадранка Аризанковска од Стопанската комора, која е член на Комисија за оценување и избор.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/11/2021 10:47