Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (21.11.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 160 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 65 санкции, 18 за возење без возачка дозвола, 10 мерки за возење под дејство на алкохол, седум за користење мобилен телефон, шест за некористење сигурносен појас.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.