Четириесет и пет лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа во која се запали македонски автобус на автопатот Струма, јави дописникот на БГНЕС.
Во автобусот патувале 52 лица. Меѓу загинатите има 12 малолетници, меѓу кои и двајца близнаци. Во несреќата загинал и возачот. Преживеале 7 лица, 2 жени и 5 мажи, а биле сместени во „Пирогов“.
Автобусот синоќа нешто по 21 часот влегол преку граничниот премин Капитан Андреево. Околу 3.00 часот се случила сообраќајна незгода на автопатот во правец Софија - Благоевград.
Како што пренесуваат Бугарските медиуми најголем дел од загинатите се граѓани на Република Македонија.