Манекенката Кристина – Крис Галера, која „се омажи“ за самата себеси, на официјална свеченост во септември оваа година, поднесе барање за развод, затоа што се вљубила во друг.

На својата венчавка Галера објасни дека ѝ е доста од мажи, па може да смета само на себе. Но, моделот од Сао Паоло, Бразил, уверува дека веќе „не е разочарана“ што нема младоженец за неа, туку од тоа што ќе мора да се разведе 90 дена по „свадбата“. За нејзина среќа, девојката запознала „некој посебен“, па почнала и да се вљубува.

– Почнав да верувам во љубов во мигот кога запознав некој посебен, вели Крис.

Инаку, лавина критики ја преплавија Галера на интернет, откако „се омажи“ со самата себе.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/11/2021 11:22