Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (25.11.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 158 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 67, 13 санкции за возење без возачка дозвола, пет мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири санкции за користење на мобилен телефон.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.