СВР Куманово за шест часа казниле 41 возач, од кои 18 во Куманово, 13 на подрачјето на Крива Паланка и десет во Кратово, соопштија денеска од СВР Куманово.

Засилената акциска контрола за санкционирање возачи кои управувале возило со брзина поголема од пропишаната била спроведена вчера во периодот од 08.00 до 14.00 часот.

Полицијата информираше дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/11/2021 14:12