Горела семејна куќа во кумановската населба Средорек, соопшти денеска регионалниот центар за управување со кризи Куманово. Во пожарот нема повредени лица.

Пожарот во територијалната противпожарна единица бил пријавен во 02:50 и го гаселе две противпожарни возила и шестмина пожарникари, информираа од кумановската противпожарна единица.

И екипа на СВР Куманово извршила увид. Оттаму информираа дека куќата е во сопственост на 42 годишниот Ј. О.

Пожарот е изгаснат во 04:45 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/11/2021 14:32