СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.А.(40) од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“.

На 18.07.2020 пријавениот набавил поголема количина на различна трговска стока со ознаки на заштитени трговски марки без да има склучен договор со компаниите на брендовите или со нивните овластени застапници/преставници, односно без склучен договор со било која компанија која што легално се занимава со производство и промет на производи од заштитени трговски марки.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/12/2021 02:50