Две лица измамиле седумдесет и двегодишен кумановец за 1.000 евра, соопшти денеска СВР Куманово. Отштетниот го пријавил случајот вчера во 15:00 часот.

– Според пријавеното едно од лицата му понудило дека доколку му даде пари ќе му донесе злато за поевтина цена, по што откако пријавителот му ги дал парите лицето заминало и не се вратило на договореното место, соопшти СВР Куманово.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/12/2021 13:51