Групацијата на производители и преработувачи на пластични маси при Сојузот на стопански комори на Македонија денеска на прес-конференција ќе ги соопшти предизвиците со кои се соочува овој сектор поради стапување во сила на новите законски измени со кои се зголемува продажната цена на оксо-биоразградливи кеси.

-Во ново настанатите околности поради непостоење на пазарни принципи на работење се доведува во прашање опстојувањето на голем број на претпријатија, за што се бара итно решение, велат од Групацијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/12/2021 10:56