Кумановската полиција денеска уапси четворица кумановци во два одделни случаи за тешка кражба, соопштиja денеска од СВР Куманово.

Двајца се сомничат дека краделе од две куќи и деловен објект, другите двајца пак краделе од гаража.

– Утрово во 06: 00 часот, полициски службеници од СВР Куманово, врз основа на судска наредба од Основен суд Куманово, ги лишиле од слобода дваесет и деветгодишниот М.З. (29) и четириесет и седумгодишниот Р.Е.поради постоење основи на сомнение дека во три наврати, на 19- ти февруари, 9 и 19-ти април годинава, со употреба на сила влегле во две куќи и еден деловен објект и одзеле разни предмети, соопштија од СВР Куманово.

Исто така, утрово во 06:50 часот, кумановската полиција врз основа на судска наредба од Основен суд Куманово, ги лишиле од слобода Ч.М.(19) и Е.С.(20), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека на 3-ти февруари годинава, со употреба на сила од гаража на Ф.Н. на улица „Пелинска“ одзеле повеќе разни предмети.

Четворицата уапсени биле спроведени во Основен суд Куманово за понатамошна постапка.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/12/2021 03:20