Европската комисија очекува кон крајот на декември да бидат одобрени првите проекти од Економскиот и инвестицискиот пакет на ЕУ за Западен Балкан, а тој да биде дел од една милијарда и сто милиони евра годинава од вкупно девет милијарди евра до 2027 година.

Како што изјавија за Бета извори од Европската комисија, некои проекти од Западен Балкан веќе пристигнале во Брисел и секој проект, што мора да биде „многу темелно подготвен”, ќе се разгледува поединечно.

До крајот на декември треба да биде во сила Фондот за претпристапна помош ИПА III на ЕУ од вкупно девет милијарди евра, одобрен за периодот 2021-2027 година, со кој ќе се финансираат проекти од Економскиот и инвестицискиот пакет, во очекување на дополнителни средства од уште 20 милијарди евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/12/2021 11:04