Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (02.12.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 132 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 17, 10 санкции за возење без возачка дозвола, 23 прекршоци што ги чинат пешаците.

Изречени се осум мерки за возење под дејство на алкохол, шест санкции за нерегистрирани возила, осум мерки за користење мобилен телефон, 28 за непрописно паркирање.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/12/2021 11:08