Со својата стручност, желба и мотивација волонтерите претставуваат незаменлив сегмент од севкупните општествени напори во обезбедување на најразлични услуги и сервиси за многу категории на луѓе изложени на најразлични ризици. Затоа, неопходно е да се воспостави волонтерски систем, преку кој секогаш ќе бидеме подготвени да се справиме со разни видови на здравстени и социјални предизвици и катастрофи, посочи генералниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија, Саит Саити.

Тој денеска во своето обраќање по повод одбележување на Светскиот ден на волонтерството – 5 декември, напомена дека волонтерството е суштински елемент на граѓанското општество. Како што рече, нашите заедници зависат и се потпираат на напорите на волонтерите, кои даваат сеопфатен придонес за општествениот развој.

Мотото на денешниот настан е „Хероите меѓу нас – Незапирливи“, а според Саити, токму ова асоцира на посебните напори на над 3.000 активни волонтери на Црцвениот крст на РСМ, кои делуваат понекогаш и во исклучитлени околности, обезбедувајќи поддршка и помош за различни целни групи погодени од итни состојби и ризици.

-На овој ден веќе 31 година под покровителство на Обединетите Нации насекаде во светот се одбележува придонесот на волонтерите за поддршката која ја обезбедуваат на најразлични категории на население во нивното опкружување. На овој ден националните друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина ширум светот организираат различни активности со цел да им одадеме признание во движењето за нивната поддршка и волонтерска работа, рече Саити.

Тој напомена дека во изминативе години сме сведоци дека како резултат на климатските промени и се позачестените природни катастрфои, како и економските предизвици со кое се соочува модерното општество, се повеќе ни е потребен придонесот на волонтерите.

-Нашите волонтери работат со младите, обезбедуваат поддршка за постарите наши сограѓани, помагаат во надминување на последици од различни катастрофи, помагаат на мигрантите, секојдневно се на вакциналните пунктови, им помагаат на старите лица во нивните домови, го промовираат крводарителството, ја подигаат свеста на наслеението за здравствената заштита, држат обуки по прва помош и учествуваат во сите активности на организацијата, додаде Саити во своето обраќање.

Претседателот на државата Стево Пендаровски преку видео обраќање го честита Светскиот ден на волонтерството, и рече дека придонесот што волонтерите го даваат за својата знаедица е исклучително значаен.

-Благодарение на нивниот ангажман и ентузијазам милиони луѓе во светот добиваат поддршка и заштита. Црвениот крст на РСМ како наша најголема волонтерска организација со своите преку 30 илјади волонтери прави суштински разлики и кај нас. Волонтерите на Црвениот крст се први кога треба да се одговори на кризни ситуации и непогоди, но и во нормални околности кога луѓето имаат потреби во секојдневниот живот, рече претседателот.

Волонтерите, како што рече, се се уште со нас во процесот на справување со пандемијата КОВИД-19, а помагаа и во масовната имунизација на населението, но и кога се собираа и доставуваа пакети со прехранбени и други производи за време на карантините.

-Не постојат граници или старосни ограничувања кога станува збор за волонтирањето. Секој од нас може да се вклучи во различни активности и со таквиот ангажман да си го осмисли свеото слободно време. Човековата историја покажува дека ретко кога имало подобри периоди без потешкотии и проблеми. Човештво псотојано се соочувало со војни, страдања, економски кризи и поделби, па токму од тука се наметнува и постојаната потреба од хуманитарен ангажман. Од работа не заради пари, туку ради емпатија од солидарност и без никаков интерес, рече претседателот Пендаровски во своето видео обраќање по повод Светскиот ден на волонтерството.

На одбележувањето на Светскиот ден на волонтерството, денеска сопругата на престедателот, Елизабета Ѓорѓиеска додели и благодарници на истакнати волонтери на Црвениот крст на Република Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/12/2021 15:07