Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (03.12.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 121 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 16 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 32 прекршоци што ги чинат пешаците, три санкции за нерегистрирани возила, 38 за непрописно паркирање.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/12/2021 13:29