По повод Меѓународниот ден на волонтерите – 5 декември, Волонтерскиот центар на Скопје во соработка со Општина Кисела Вода и еко-движењето „За почиста Македонија“ ќе ги отворат вратите од Домот на култура во населбата Кисела Вода, каде од 11 до 15 часот сите граѓани ќе можат да донираат облека за деца и за возрасни и храна со подолг рок.

Граѓаните ќе можат да слушнат за придобивките од волонтирањето, неговата важност, а младите да се запознаат со програмата „Ерасмус+“ и со можностите што Волонтерски Центар Скопје ги нуди за нивен личен развој што придонесува за јакнење на општеството во целина.

Од Волонтерскиот центар информираат дека ќе биде спроведена и акција за чистење на реонот Расадник, кое важи за едно од најголемите зелени површини во градот.

На неделната акција присутни ќе бидат директорот на Волонтерски центар Скопје, Никола Станкоски и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/12/2021 13:18