Во текот на вчерашниот ден (04.12.2021) Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово - Скопје - Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 85 возачи.

Од нив, 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/12/2021 14:10