СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Ш.(26) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „лихварство“ и „уцена“.
Во септември 2021, пријавениот уценувал 23-годишник од Тетово дека на социјална мрежа ќе објави компромитирачка содржина доколку не му даде 15.000 денари.
Оштетениот му дал само 100 евра и во октомври 2021 пријавениот повторно барал пари од него, зголемувајќи ја сумата на уште 20.000 денари, по што тој го пријавил случајот во СВР Тетово.