[photo] Во текот на вчерашниот ден (08.12.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 668 возачи.

Од нив 111 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 11 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 253 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 415 надвор од населено место.


668 санкции за брзо возење

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/12/2021 12:09